Преземете ја целосната верзија на соопштение:
EN (PDF) MK (PDF) RU (PDF)
|
Производен погон:
› Монтажа на опрема за екстракција и електролиза
|
|
Магистрален цевковод:
› Извршени се монтажа и положување во ров на цевководите за транспорт на производен раствор од Браната Е2 до производниот погон и на рафинат од производниот погон до Браната Е2 и до етажите за лужење на руда
› Извршени се монтажа и положување во ров на цевководот за техничка вода од Браната Е2 до производниот погон и поставување на испусниот цевковод од Браната Е3
› Монтажа на цевковод за оросување на етажите за лужење на руда
|
|
Брана Е2 со работен акумулационен простор:
› Завршена е изградба на дренажниот ѕид и монтажа на дренажниот цевковод
› Завршена е изведба на телото на браната
› Завршена е изградбата на пристапниот пат на бермата на браната
› Завршена е изградбата на бочниот преливник
› Завршени се работите за изградба на шахтата за пумпната станица бр. 1 и поставување на материјалите за хидроизолација
|
|
Брана Е3 со акумулационен простор за атмосферски води:
› Завршена е изведбата на телото на браната и поставување на бочниот преливник
› Изведени се водозафатните објекти
› Завршени се работите за поставување на хидроизолација
|
|
Етажа за лужење на руда 192.1:
› Завршена е изградбата на четирите заштитни дренажни ѕидови од водоотпорен материјал
› Завршена е изградбата на западната берма на основата на етажата за лужење на руда
› Завршен е каналот за циркулација на вода на западната берма
› Завршени се работите за формирање на косините и поставување на материјалите за хидроизолација
› Поставен е заштитен и дренажен слој
|
|
Склад за сулфурна киселина, екстрагенс и разредувач:
› Завршени се резервоарите за чување на реагенси
|
|
Пумпна станица 1:
› Извршени се монтажни работи
|
|
Пумпна станица 2:
› Извршени се монтажни работи
|
|
Подготвителни работи во рудникот:
› Извршено е чистење од растенија и хумус на површинскиот слој на хоризонт 320 м
› Завршени се предексплоатациски истражувачки работи
› Поставена е техника за дробење на руда
› Се вршат активности за подготовка на заштитен и дренажен слој на Рударскиот објект - етажи за лужење на руда (Одлагалиште за руда)
|
|
Опремата на Outotec:
› Се врши испорака и монтажа на опремата од Outotec
|