Компанијата Sardich MC ја презеде одговорноста да го исчисти затрупаниот извор во Општина Валандово, од кој што населението се снабдува со питка вода.
Градоначалникот на Општина Валандово позитивно реагираше на барањето на Компанијата да помогне во решавањето на овој проблем и назначи одговорно лице од локалната заедница на с. Пирава, заедно со когошто ќе се вршат санациските работи. Известувањето на Градоначалникот е приложено кон ова известување за јавноста.
Денес, на 19 мај 2017 година, започнаа работите за чистење и уредување на спомнатиот извор на питка вода. Компанија Sardich MC е секогаш подготвена да му излезе во пресрет на локалното население.