Како дел од мисијата на Sardich MC за информирање на јавноста во врска со работата на компанијата, на ден 16.05.2017 г. дел од тимот на Sardich MC, предводен од Главниот технолог и Главниот геолог на рудникот Казандол спроведе презентација и запознавање со применетите техничко-технолошки мерки во Рударско-индустрискиот комплекс Казандол на населението во с. Казандол, коешто воедно е и најблиското населено место на Рудникот.