+389(2)3066002 info@copin.mk

Преземете ја целосната верзија на соопштение:

EN (PDF) EN (PDF) MK (PDF) MK (PDF) RU (PDF) RU (PDF)

 

Компанијата Sardich MC во соработка со Агенцијата за вработување на Република Македонија го започна прелиминарниот процес за избор на вработени во Рударскиот Комплекс Казандол.

Преку проектот за посредување во изнаоѓање на кандидати за вработување ќе биде извршена првата селекција на кандидати при што акцентот при избор ќе биде даден на населението од општина Валандово а понатаму и на регионот имајќи ги в предвид општините Богданци и Дојран.

После завршувањето на постапката за избор, кандидатите ќе поминат процес на обука во самиот комплекс Казандол, со кој ќе раководат реномирани специјалисти од компанијата Outotec од Финска како и друг вид на обуки и вештини поврзани со работниот процес на рударскиот комплекс.

Како компанија нудиме одлични работни услови, здрава и чиста работна околина, највисоки стандарди за безбедност и здравје при работа, тимска атмосфера, одлични финансиски услови за работа и одлични можности за усовршување и напредок во систем на кариера.

Затоа ги повикуваме сите заинтересирани граѓани кои сакаат да бидат дел од тимот на Рударскиот Комплекс Казандол за сите дополнителни информации да се обратат во Агенцијата за вработување на Република Македонија, канцеларија Валандово или пак во просториите на Подружницата на Sardich MC во Пирава секој работен ден и да ги добијат потребните информации за постапката и аплицирањето за избор.

 

Контакт лице: Зора Тодоровска, тел.: 071 500 690