Преземете ја целосната верзија на соопштение:
Компанијата Sardich MC постојано се залага за подобрување на заштитата на животната средина, безбедноста и здравјето при работа и контролата на квалитетот кои се дел од политиките на Интегрираниот систем за управување со квалитет, заради постигнување на крајната цел, а тоа е намалување на штетните влијанија врз природата и луѓето.
Во таа насока, на ден 29.09.2017 година, Sardich MC успешно го имплементира Интегрираниот систем по следните стандарди: ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и OHSAS 18001:2007, што претставува уште еден доказ за посветеноста на компанијата кон градењето доверба кај своите клиенти.
Компанијата Sardich MC е посветена на постојано подобрување на квалитетот на своите услуги, еколошките перформанси како и на безбедноста и здравјето на луѓето во населените места во близина на производствениот комплекс во сите фази на планирањето на дејноста, развојот и производството.
Сертификат ISO 9001:
Сертификат ISO 14001:
Сертификат ISO 18001: