Компанијата Sardich MC постојано ги проучува најдобрите достапни техники и современите технологии на еколошки безбедното ископување руда и производство на бакарни катоди.
› Така, во јуни 2015 година претставниците на компанијата Sardich MC го посетија комплексот за лужење Kittila во Финска.
› Целта на посетата беше проучување на напредното искуство за хидроизолациска заштита на основите на одлагалиштата за лужење, постапките за подготовка на површината и разместување на хидроизолацијата.
› Во март 2016 година екипата на специјалисти од Sardich MC заедно со специјалистите на Outotec ја посети идентичната SX-EW фабрика Assarel-Medet во Бугарија.
› Во текот на посетата екипата специјалисти детално беа запознаени со особеностите на процесот на лужење на бакарната руда и со технолошката шема на екстракцијата.
› Во септември 2017 година претставниците на компанијата Sardich MC ги посетија фабриките во Финска, каде што се изработува нарачаната опрема за комплексот Казандол.
› Целта на оваа посета беше да се определи тековната ситуација со изведбата на нарачките, да се запознаат потенцијалните можности на произведувачите, како и со системот на контрола на квалитетот при производството на опремата.
› Исто, во септември 2017 година делегацијата на компанијата Sardich MC и Alfa Engineering – изведувач на Sardich MC за работите на монтажа и пуштање во производство на опремата за фабриката SX-EW – го посетија едниот од SX-EW проектите на компанијата Outotec во Турција, што се наоѓа во финална фаза на монтажа на опремата.
› Оваа посета беше исклучително корисна токму во фаза на нарачката и изработката на опремата бидејќи дозволува поефективна координација на планот за прием и монтажа на основната опрема со градежните работи.