Преземете ја целосната верзија на соопштение:
По комплетирањето на потребната документација, “Sardich MC” достави барање до Министерството за транспорт и врски за издавање на дозвола за градба на 24 август, 2015 г. Врз основа на прегледаните документи и потврдата за платен надомест на Општина Валандово за градежното земјиште, Министерството за транспорт и врски издаде дозвола за градба на 8 октомври, 2015 г. Со таа дозвола, Министерството за транспорт и врски потврдува дека Основниот проект за градба е во согласност со првичната документација за дозволата, урбанистичките планови и постојните законски прописи на Република Македонија.