+389(2)3066002 info@copin.mk

Политика на приватност

 

Коппер Инвестментс АД, и нејзините компании-ќерки (во натамошниот текст: Компанија), посветува особено внимание на заштитата на вашите лични податоци во рамките на нејзината дејност, следејќи ги законските норми за заштита на личните податоци на Република Македонија.

Оваа политика на приватност се однесува на начинот, како Компанијата ги обработува личните податоци. Ние ја почитуваме приватноста на нашите корисници и посетители на веб страницата на Компанијата, како и нивната лична информација.

 

Собирање и користење на податоците

 

Компанијата може да ги обработува личните податоци на корисниците со цел да ја подобри содржината и функционалноста на веб страницата. Се обработуваат само личните податоци добиени од вас.

Оваа политика на приватност се однесува само на веб страницата на компанијата и на сите под-домени. Ние ќе ја искористиме вашата лична информација за обработка и извршување на вашата нарачка, за известување за новите производи и услуги што ги нудиме, како и за наши маркетиншки цели.

 

Информација пратена по e-mail

 

Кога ја посетувате нашата веб страница и ги прегледувате понудите за нашите производи и услуги, ние можеме да ве замолиме да ни го оставите вашето име, името на вашата компанија, вашиот телефонски број, вашиот e-mail и адресата. Добиената информација служи за на соодветен начин да реагираме на вашите индивидуални потреби и да обезбедиме ефективна услуга и поддршка.

На сите ваши соопштенија и прашања добиени по e-mail ќе биде одговорено на истата адреса. Адресата на вашата електронска пошта нема да биде искористена за ниедна друга цел и нема да биде споделена со ниедна трета страна.

 

Куки фајлови

 

Куки е мал текстуален фајл, што вашиот прегледник го добива од веб страницата што ја посетувате. Тоа ѝ помага на веб страницата да ја запомни информацијата за вашата посета, како што е одбраниот јазик и другите подесувања. На тој начин, наредната ваша посета на нашата веб страница ќе биде полесна и поудобна за вас. Куки фајловите играат мошне битна улога.

Ние ги користиме куки фајловите за неколку цели. На пример, ги користиме куки фајловите за да ги запомниме вашите претпочитувања при пребарување, бројот на посетителите на секоја страница, помош во испорачувањето на нашите услуги и заштита на вашите податоци.

Со користењето на нашата веб страница се согласувате со користењето на куки фајловите.

 

Надворешни бројачи

 

Резултатите на бројачите на Google Analytics (www.google.com/analytics) не се јавно достапни и служат за статистичка анализа. Политиката за приватност на Google е достапна на страницата www.google.com/privacy.

 

Доверливост

 

Обработената информација внимателно се чува и не се споделува со трети страни или компании, со исклучок на нашите партнери што ни помагаат во работата со веб страницата и во нашата дејност.

На барање на државните органи и соодветно со законот, можеме да доставиме делумна или целосна собрана информација.

Применливата политика на приватност посочена на оваа страница се базира на Законот за заштита на лични податоци (Службен весник на РМ, број 07/05, 103/08, 124/10 и 135/11, 43/2014, 153/2015, 99/2016). Електронската верзија на изворниот текст на законот може да се преземе од веб страницата на Управата за заштита на лични податоци на Република Македонија (www.dzlp.mk).

 

Ослободување од одговорност

 

Оваа политика на приватност се применува само кон информацијата објавена на нашата веб страница. Не носиме одговорност за содржината на веб страниците кон кои водат линкови, ни за линковите на тие страници. Не носиме одговорност за било кој пренос на податоци што се врши на тие веб страници.

 

Измени во политиката за приватност

 

Го задржуваме правото да ја менуваме политиката на приватност. Ако внесеме определени промени во политиката на приватност, тие ќе бидат објавени на оваа веб страница.

 

Контакт

 

Ако имате било какви прашања во поглед на заштитата на личните податоци, ве молиме да не контактирате на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..