Преглед
Спроведувањето на проектот за истражување, експлоатација на бакарна руда, нејзино преработување и производство на бакарни катоди со содржина на металниот бакар Cu 99,99% започна во 2013 – 2014 година.
За реализирање на проектот компанијата Sardich MC (Македонија) на јавна аукција од Владата на Република Македонија се здоби со правото за вршење на детални геолошки истражувања и подготовка за експлоатација на три потенцијални наоѓалишта на бакар: „Казандол“, „Петрошница“, „Плавуш“.
Врз основа на важечките закони на Република Македонија и потпишаните договори за истражувања на наоѓалиштата, компанијата Sardich MC по спроведувањето на геолошките истражувања и утврдувањето на индустриските резерви добива концесија за развој и експлоатација на овие депозити.
Експлоатацијата на рудата ќе врши со површински коп.
Географија на проектите:
„Казандол“
Концесија Казандол се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија, 5 км јужно од Валандово, 7 км северно од Богданци, и 15 км од границата со Грција. Во близина на центарот на концесија се наоѓа село Казандол.
Четири литолошки комплекси учествуваат во геолошка формација на концесија (гнајсеви, шкрилци, Фурка гранити, жили на андезити и дацит-андезити).
Депозит Казандол се однесува на егзогенски хидротермален тип и претставува типична „железна капа“, која е резултат од влијанието на хипергени процеси кон линеарен кварц-пирит-калцопиритен штокверк со димензии кои уште ќе треба да се утврди.
Индустриска минерализација располага со широк спектар на оксидирани сулфиди (малахит, азурит, куприт, халкозин, ковелин, итн).
ПРЕДНОСТИ НА КОНЦЕСИЈА |
— Поволни климатски услови — Развиена инфраструктура — Оптимални услови за воспоставување на производствени капацитети — Незначително влијание на проектот врз животната средина — Достапност на работната сила |
ТИП НА ДЕПОЗИТ |
Хидротермален Бакарен Депозит |
ТЕКОВНА СОСТОЈБА |
— Спроведени геолошки истражувања и потврдени резерви од страна на Геолошката Комисија на Р. Македонија — Добиена е концесија за експлоатација на депозитот — Усогласен е проектот ОВЖС — Добиена е дозвола за експлоатација на минерални суровини — Потпишан е договор за долгорочен закуп на земјиште — Добиена е градежна дозвола — Ресурсите се утврдени согласно кодот JORC — Утврдено е технолошко регулирање на процесот на лужење — Се одвиваат градежни работи на производен погон и хидротехнички објекти — Почнати се подготвителни работи за вадење на бакарна руда |
ТЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕС |
— Површински коп — Лужење (SX) — Електролиза (EW) Технолошка шема SX / EW: |
КАПАЦИТЕТ |
до 4,400 тони на Бакарни Катоди годишно |
„Петрошница“
Концесија Петрошница се наоѓа во североисточниот дел на Македонија. Центарот на концесија се наоѓа 50 км североисточно од главниот град (Скопје), 23 км од Куманово, 22 км од Кратово и 10 км од границата со Србија.
Територијата на концесијата е поврзана со контакт на Српско-Македонскиот масив и Вардарската зона, и непосредно со зона Лече-Халкидики. Во однос на генезата, депозитот се однесува на порфир-бакарен тип.
На територијата на концесија Петрошница е широко развиени вулкански и субвулкански карпи од доцниот Палеогенски период, со присуство на неколку рудни парагенези:
— Минерализација Au-Cu-Mo со зголемена содржина на Re,
— Au-Cu-полиметална минерализација,
— Кварц-пиритна минерализација,
— Кварц-полиметална минерализација.
ТЕКОВНА СОСТОЈБА |
Се спроведуваат геолошки истражувања |
„Плавуш“
Концесија Плавуш се наоѓа во југоисточниот дел на Македонија, 8 км северозападно од Валандово, 6 км северозападно од Удово, 30 км од границата со Грција.
Концесијата се наоѓа во склоп на структурната тектонска зона и има различни гнајсеви, шкрилци, мермери и гранитоиди).
Во рамките на концесискиот простор се предвидува полиметална минерализација со жили и линеарен штокверк, како и скарнева минерализација во област на контакт помеѓу гранити и мермери.
ТЕКОВНА СОСТОЈБА |
Се спроведуваат геолошки истражувања |