+389(2)3066002 info@copin.mk

На оваа страница се опишани услови на користење на веб сајтот на компанија Коппер Инвестментс АД и нејзините компании-ќерки (во понатамошен текст: „Компанија“).

 

1. Услови за користење

 

Со пристапување кон оваа страница се согласувате да се придржувате кон условите на користење, на сите применливи закони и регулативи, и се согласувате дека сте одговорни за усогласеност со сите важечки закони. Ако не се согласувате со било кој од овие услови, забрането ви е да ја користите оваа страница. Материјалите содржани на оваа веб страница се заштитени со законот за авторското право и сродните права и Законот за индустриската сопственост.

 

2. Право за користење

 

Дозволено е привремено да преземете една копија на материјалите од веб страницата на Компанија за лична, некомерцијална употреба. Ова е доделување на право и не е пренос на сопственост. Корисникот нема право:

- да ги менува материјалите;

- да ги употребува материјалите за комерцијални цели или за јавно излагање (комерцијално или некомерцијално);

- да врши декомпајлирање на било кој софтвер на веб сајтот на Компанија;

- да ги брише белешките за авторски права или други сопственички права од материјалите;

- да врши пренос на материјали на друго лице или поставување на материјалите на било кој друг сервер.

Ова право автоматски престанува да важи ако ги прекршите некој од овие ограничувања и може да биде одземено од страна на Компанијата во секое време. По завршувањето на вашето разгледување на овие материјали или по престанокот на дејство на оваа право, мора да ги уништите сите преземени материјали во електронска или печатена форма.

 

3. Ограничување на одговорноста

 

Оваа веб страница е во сопственост на Компанијата. Сите права во однос на оваа веб страница ѝ припаѓаат на Компанијата.

Сите авторски права за текстуалните и графичките содржини на оваа веб страница им припаѓаат на Компанијата, освен во случаи, каде што е поинаку наведено.

Без претходна писмена согласност од Компанијата текстовите, деловите од текстови, графичките елементи, табелите, цртежите, фотографиите или илустрациите објавени на веб страницата не смеат да се копираат, дистрибуираат или умножуваат на било кој начин.

Оваа веб страница и софтверот што се користи на неа, им се достапни на корисниците „како што се“ без гаранција од било кој вид. Компанијата е одговорна само во случаи утврдени со соодветна законска регулатива. Компанијата не презема никаква одговорност за било каква штета причинета од посетата на оваа веб страница или од резултатот на таквата посета. Овие одредби не се применуваат само во случај на крајна небрежност од страна на Компанијата. Во секој случај, Компанијата не презема никаква обврска и се одрекува од секаква одговорност за било какви индиректни, последични и специјални штети произлезени од посетата на оваа веб страница или од резултатот на таквата посета.

Секоја информација за производ или други информации објавени на веб страницата се добиени врз основа на расположливите податоци на Компанијата. Во исто време, таквите информации до степен предвиден со законот не може да се сметаат како гаранции или обврски од страна на Компанијата и истите не може да се толкува од страна на корисникот, како информации кои ќе го ослободат од потребата да се соберат дополнителни податоци и тестирање.

Компанијата има право во секое време и по свои причини без претходна најава да изврши промени во било кој дел на оваа веб страница, како и да ја прекине работата на одделни делови на страницата или на целата страница.

Линковите до веб страниците на трети лица не може да се сметаат како гаранција од страна на Компанијата во однос на таквите веб страници. Компанијата не е одговорна за функционирањето на таквите веб страници и за нивната содржина. Сите ризици сврзани со посета на веб страниците до кои има линкови на веб страницата на Компанијата се одговорност на корисникот.

 

4. Измени во условите на користење

 

Компанијата може без претходна најава да ги измени условите за користење на својата веб страница во било кое време. Со користењето на оваа веб страница се согласувате да ги почитувате правилата на тековната верзија на Условите за користење.

 

5. Важечко право

 

Секоја правна акција или судска постапка произлезена од користењето на веб страницата на Компанијата ќе се регулира во согласност со законите на Република Македонија.