Вовед
Вработените - тие се главната вредност на Компанијата Sardich MC. Ние се гордееме со сите наши вработени и се стремиме кон тоа сите тие да чувствуваат дека Компанијата се грижи за нив.
Компанијата Sardich MC ги обезбедува сите неопходни услови за самореализација на нејзините вработени и за подобрување на нивните квалификации и за развој на нивните кариери.
На оваа страница Вие можете да ги најдете работните места за коишто Компанијата има потреба.
Кандидати за работни позиции
За функционирањето на Рударскиот комплекс Казандол во валандовскиот регион, Компанијата Sardich MC има потреба од работници со следните образовни квалификации:
- Економист
- Сметководител
- Магационер
- Инженер-Геодет
- Сменски електричар
- Сменски одржувач, Минимим ССС, Машинство IV-степен
- Раководител на производство
- Раководител на смени во производствен комплекс
- Диспечер
- Оператор EW (го следи работењето на производниот погон во оделението на Електролиза – добивање на Бакар), минимум ССС, Електро, машинство, општ смер
- Oператор SX (го следи работењето на производниот погон во оделението за Екстракција на бакар од растворите), минимум ССС, Електро, машинство, општ смер
- Возач на виљушкар
- Техничари во служба за квалитет
- Раководител на лабораторија
- Хемичар (аналитичар)
- Лаборант
- Служба за безбедност
Компанијата има потреба од вработени кои ги поседуваат и следните квалитети:
- висока професионалност
- иницијативност
- одговорност и посветеност
- залагање за развој и самоусовршување
- способност за тимска работа
- почит кон колегите, клиентите и партнерите
Рокот за пријавување на кандидатите е отворен.
Изборот и повикувањето на кандидатите временски не е одреден и ќе се врши според потребите на работата.
Вашата апликацијата за работа можете да ја испратите на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
Ви благодариме за интересот за вработување во нашата Компанија.
Со почит,
Оддел за човечки ресурси
Sardich MC
* Sardich MC го задржува правото да изврши избор од пријавените кандидати по сопствено убедување. Несоодветните апликации и апликациите кои не ги содржат сите барани податоци нема да бидат земени предвид при разгледувањето.