Мисија
Ние сме млада и динамична компанија.
Работиме во рударската сфера, и имаме за цел да станеме крупен играч за експлоатација и производство на обоени и ретки метали на Балканот.
При постигнување на нашите цели, ќе обрнуваме посебно внимание на обезбедување одржлив економски развој на регионот, социална одговорност и заштита на животна средина, кои се составен дел на политика на нашата компанија.
Информации за групата
Copper Investments JSC (COPIN), Македонија
Јавна компанија која котира на Берзата во Македонија.
Sardich MC, Македонија
100% во сопственост на COPIN.
Поседува концесија за експлоатација на депозитот Казандол и две концесии за детални геолошки истражувања на минерална суровина во локации Петрошница и Плавуш.
Групата компании има 58 вработени, повеќето од кои работат во Македонија.
Структура на групата
Историја
Јануари 2014 |
Групата започнува со вршење на својата дејност |
Март 2014 |
Добиени се концесиите за вршење на детални геолошки истражувања на локалитетите Казандол, Петрошница и Плавуш |
Септември 2014 |
Извршени се истражувачи работи за проектот „Казандол“ |
Јануари 2015 |
Рудните резерви во Казандол се потврдени од страна на Геолошката комисија на Република Македонија |
Февруари 2015 |
Добиена е концесија за експлоатација на наоѓалиштето Казандол |
Мај 2015 |
Подготвен е проектот за изградба на рударскиот комплекс Казандол |
Јуни 2015 |
Спроведени се сите постапки и јавни расправи, при што е добиена одлука за одобрување на Проектот за ОВЖС од Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија |
Јули 2015 |
Добиена е дозвола за експлоатација од Министерството за економија и започнати се подготвителни работи |
Јануари 2016 |
Рудните резерви во Казандол се одобрени во согласност со кодексот „ЈОRC“ |
Март 2016 |
Спроведена е Еколошка ревизија со цел да се обезбеди дека Проектот за ОВЖС е во согласност со меѓународните барања за заштита на животната средина |
Јули 2016 |
Спроведени се сите постапки и добиени се сите дозволи за изградба на основните и инфраструктурните објекти |
Септември 2016 |
Почеток на изградба на рударскиот комплекс Казандол |
Декември 2016 |
Спроведена е првата фаза на геолошко-истражувачки работи на наоѓалиштата Петрошница и Плавуш |
Декември 2016 |
Изградба на инфраструктурните објекти, објектите за снабдување со електрична енергија и вода за потребите на Комплексот |
Август 2017 |
Основната опрема на Outotec е веќе нарачана и е во процес на изработка |
Јануари 2018 |
Испорака и монтажа на опремата од Outotec |
Одбор на директори
Скубенко Владимир, Претседател на Одборот на директори
Мајнов Зоран, Извршен директор
Сичов Генадиј, Неизвршен директор, Заменик Претседател на Одборот на директори
Скубенко Артем, Неизвршен директор, Заменик Претседател на Одборот на директори
Дрозденко Валентин, Независен и Неизвршен директор
Кадомскиј Артем, Независен и Неизвршен директор
Компанец Игор, Независен и Неизвршен директор
Надеждин Сергиј, Независен и Неизвршен директор
Переверзев Игор, Независен и Неизвршен директор
Семинога Анатолиј, Независен и Неизвршен директор
Спасеноски Ацо, Независен и Неизвршен директор
Топ менаџмент
СКУБЕНКО ВЛАДИМИР Претседател на Одборот на директори на «Copper Investments JSC» Рударски инженер, доктор по економски науки, професор, успешен сериски претприемач, |
|
СИЧОВ ГЕНАДИЈ Технички директор на «Copper Investments JSC» Рударски инженер, доктор по економски науки, со 25 години искуство на раководни функции на комерцијални и индустриски претпријатија во Украина, со реализирана изградба и пуштање во работа на неколку индустриски и рударски претпријатија, вклучувајќи ја изградбата на фабриката за производство на кокс и фабриката за производство на базалтна топлинска изолација во вредност од над €100 млн. |
|
СКУБЕНКО АРТЕМ Финансиски директор на «Copper Investments JSC» Финансиер, со 10 години искуство во Европски инвестициски банки и инвестициски фондови во Лондон. Управува со портфолио компании во Велика Британија, Германија и Финска. Под негово раководство, вложените инвестиции во проектите изнесуваат над €50 млн. |
|
МАЈНОВ ЗОРАН Извршен директор на Copper Investments JSC» Правник, со над 10 години искуство на лидерски позиции во финансиската индустрија и маркетингот во Република Македонија, вклучувајќи ја позицијата на извршен директор. |
|
СПАСЕНОСКИ АЦО Неизвршен директор на «Copper Investments JSC» Финансиер, основач и сопственик на Гарантниот фонд на Република Македонија, раководител на проектите на Светската банка во Република Македонија, поранешен Министер за земјоделство на Република Македонија, Амбасадор на Република Македонија во Украина. |
|
СИБИНОВСКИ БОШКО Директор на «Sardich MC» Хемичар, фармацевт, со работно искуство на раководни функции во Алкалоид како во делот на комерцијални активности така и во отворање на нови пазари. Како регионален менаџер за Балкан ги стабилизира и зголемува пазарните удели во Словенија, Хрватска и Албанија, создава нова компанија на Алкалоид во Косово и Украина, експорт координатор за европска унија. |
|
БОГДАНОВ ИГОР Директор на «Sardich MC» Рударски инженер, со над 25 години искуство на лидерски позиции во рударските и металуршките компании на Украина, со реализирани проекти за изградба на рудници за јаглен, фабрика за производството на кокс и фабрика за производството на бакарни катоди. |
|
БУХОВ ЕМИЛ Финансиски директор на «Sardich MC» Економист, со 20 години искуство во банкарскиот сектор, со долгогодишно искуство во финансирањето на проектите вклучувајќи го менаџментот на финансирање на проекти на Обединетите нации во Република Македонија. |
|
ЈОВАНОВ КИРИЛ Главен геолог на «Sardich MC» Инженер-геолог со над 20-годишно искуство во рударската индустрија. Неговите главни обврски вклучуваат: обезбедување и контрола на квалитет на земените примероци, геолошко мапирање и моделирање, проценки на минерални ресурси, длабински анализи, |
Информации за контакт
Copper Investments JSC Адреса: ул. Тодор Александров бр.11 Скопје 1000, Р. Македонија Тел.: +389 2 3066 002 E-Mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. |
Sardich MC Адреса: ул. Тодор Александров бр.11A Скопје 1000, Р. Македонија Тел.: +389 2 3075 001 E-Mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. |